Мексиканската полиција случајно открила 23 киднапирани деца

Од:

Потрагата по исчезнатото 2,5-годишно момче Дилан Перез, во градот Сан Кристобал во мексиканската сојузна држава Чијапас, ја доведе полицијата до куќа каде биле сместени 23 киднапирани деца, кои биле принудени да питачат и да продаваат ситници по улиците.

Пронајдените деца биле на возраст од две до 15 години, кои константно биле изложени на физичко и психичко насилство, биле неухранети и уплашени.

Во соопштението од полицијата се наведува дека на сигурносна камера било забележано како девојче на околу 13 години го зема за рака исчезнатиот Перез и го носи во непознат правец, додека мајката купува на локалниот пазар.

Перез не е меѓу пронајдените деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел