Претседателот на американскиот Комитет за национална безбедност Мајкл Мекол денеска изјави оти верува дека осомничените за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, браќата Џохар и Тамерлан Царнајев, биле на обука.
Мекол наведе дека експрес лонецот наполнет со клинци, како и софистицираноста на оружјето, покажува дека осомничените поминале обука.
Милитантите во Авганистан, во Индија и во Пакистан често користат рачно изработени бомби од експрес лонци, а јеменскиот огранок на Ал Каеда на интернет има објавено упатство за изработка на таква бомба.
Меколи посочи и дека мајката на осомничените имала „голема значајна улога“ во процесот на радикализација на синовите.
Доколкутаа се врати од Русија во САД ќе биде приведена на сослушување.
Џохар Царнајев (19) е обвинет за бомбашкиот напад од 15 април при што загинаа три лица, а 264 се повредени на целта на Бостонскиот маратон. Неговиот постар брат Тамерлан (26) беше убиен во престрелка со полицијата.