Претседателот на британската Конзервативна партија, Патрик Меклафлин, изјави дека референдумот за Брегзит, со кој беше одлучено земјата да ја напушти ЕУ, ќе биде обврзувачки за британскиот Парламент и дека член 50 од Лисабонскиот договор, што официјално го почнува процесот на напуштање на Унијата, ќе биде активиран пред следните избори, пренесоа британските медиуми.
-Сосема ми е јасно дека резултатот од референдумот е обврзувачки за Парламентот, изјави Меклафлин во гостувањето во „Шоуто на Ендрју Мар“ на Би-Би-Си.
Меклафлин додаде дека член 50 сос сигурност ќе биде активиран пред следните избори.