Британската премиерка Тереза Меј денеска пристигна во Саудиска Арабија, втората етапа од нејзината турнеја на земјите од Блискиот Исток.
Меј со претставниците од Саудиска Арабија во Ријад ќе разговара за интензивирање на борбата против Исламска држава (ИД), за бегалската криза, како и за хуманитарните мерки во целиот регион.
Саудиска Арабија е најголемиот трговски партнер на Велика Британија од Блискиот Исток. Се очекува на состанокот во Ријад да бидат опфетени и теми во врска со поттикнувањето на трговијата меѓу двете земји.
За британските безбедносни експерти, Саудиска Арабија има „витално значење“ во борбата со тероризмот и во размената на разузнавачки податоци.