Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека нејзината Влада работи на постигнување на договор за Брегзит со Евроспката унија, што ќе биде најдобар за Британците.
– Ние вложуваме напори за постигнување најдобро сценарио за британскиот народ при Брегзитот, нагласи Меј, додавајќи дека е уверена дека Лондон може да постигне „добар договор“ со ЕУ.
Ваквата изјава на Меј претставува реакција на тврдењето на лондонскиот градоначалник Садик Кан дека ако Велика Британија не постигне трговски договор со ЕУ, би можела да загуби речиси половина милион работни места.