Меј пред самитот во Салцбург: Блику сме до договор со ЕУ за Брегзит

Од:

Велика Британија и ЕУ се блиску до договор за уредување на Брегзит, наведе во авторски текст за германскиот весник „Велт“ британската премиерка Тереза Меј и ја повика ЕК да ја унапреди позицијата пред денешниот почеток на неформалниот самит на ЕУ во австрискиот град Салцбург.

Меј наведе дека е потребно двете страни да покажат добра волја со цел да се избегне несредено излегување на Британија од европскиот блок во март наредната година, поради што постојат стравови дека може да предизвика економски проблеми.

– Блиску сме до постигнување договор за Брегзит, што е суштинска основа за изградба на блиско идно партнерство. За да се стигне до успешен заклучок и токму како што Обединетото Кралство ја унапреди својата позиција, ќе биде потребно и ЕУ да го стори истото. Ниту една страна не може да го бара тоа што не е прифатливо за другата, како надворешните царински граници меѓу различни делови на Обединетото Кралство, напиша британската премиерка.

Во Салцбург денеска почнува дводневниот состанок на лидерите на ЕУ, на кој ќе биде бидат одржани разговори за кои британскиот министер за Брегзит Доминик Раб рече дека ќе бидат „важна пресвртница“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно