Меј: По оставката на Мугабе, Зимбабве има можност да тргне по нов пат

Од:

Оставката на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе отвара можност земјата да тргне по нов пат, ослободен од угнетувањето кое што го одбележа неговото владеење, оцени британската премиерка Тереза Меј.

– Последните денови ја гледаме желбата на народот на Зимбабве за слободни и чесни избори и за можност да биде обновена економијата на земјата преку една легитимна влада, изјави Меј.

Таа најави дека Велика Британија ќе го поддржи Зимбабве, како нивни најстар пријател.

Зимбабве е поранешна британска колонија, а независност доби во 1980 година, од кога Мугабе стана претседател.

Би можело да ве интересира

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори