Меј: Нема одложување на брегзит, 29 март ја напуштаме ЕУ

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека нејзината Влада не го променила својот став и оти не сака да го одложи датумот за брегзит- 29 март, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.

– Многу е јасно дека позицијата на Владата, од кога сме го покренале членот 50, е дека имаме времески рок од две години, кој се завршува на 29 март, и ние работиме на тоа, рече Меј.

Шефот на британскиот преговарачки тим за брегзит Оли Робинс изјави претходно денеска дека британските пратеници ќе се соочат со избори меѓу договор, кој го договорила премиерката Меј или со понуден период за спроведување на членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој е формирана ЕУ.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина