Меј: Нема да ги откриваме сите карти во преговорите за брегзит

Од:

На Велика Британија ќе и биде потребно време да договори каков однос ќе има со Европската Унија по напуштањето на овој блок, и не планира предвреме „да ги открива сите карти“, изјави денеска британскиот премиер Тереза Меј.

– Знам дека многумина се нестрпливи да видат брз напредок и да дознаат како Велика Британија ќе изгледа по Брегзитот. Продолжуваме со оваа важна работа, но, исто така, овие прашања мораме да ги разгледаме на трезвен и промислен начин, рече премиерката во Парламентот, пренесоа британските медиуми.

Таа додаде дека одлуките нема да бидат донесени се додека се не биде подготвено.

– Нема да донесуваме одлуки се додека не бидеме подготвени, нема предвреме да ги откриваме нашите карти и нема постојано да коментираме за секој дел од преговорите, додаде Тереза Меј

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство