Меј: Ќе го запечатиме договорот за односите со ЕУ в недела

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска потврди дека со Европската комисија е постигнат договор за нацрт- декларацијата за односите со Велика Британија и ЕУ по Брегзит и порача дека в недела „ќе се запечати договорот“.

-Договорот, кој го постигнавме е меѓу Британија и ЕК. Сега лидерите на 27 земји членки на ЕУ треба да го разгледаат тој договор во наредните денови до специјалниот состанок на ЕУ в недела, рече Меј.

Британската премиерка истакна дека британскиот народ „сака ова да биде запечатено, сака добар договор, кој води на патот кон светла иднина“.

-Договорот ни е на дофат на раката и јас одлучив да го оставарм, рече Меј.

Претходно, неименуван претставник на ЕУ, информира дека преговарачите на ЕК и Обединетото Кралство усогласиле декларација за Брегзит за идните врски на двете страни.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, исто така, потврди дека преговарачките тимови на ЕУ и Велика Британија постигнале договор за нацртот на политичката декларација за идните односи на двете страни.

Се очекува лидерите на 27 членки на ЕУ на вонреден самит в недела да го потврдат нацрт договорот за повлекување и да ја одобрат политичката декларација за идните односи со Велика Британија.

Во седиштето на ЕУ во Брисел велат дека, и покрај одредени забелешки, пред се на тие кои ги изнесе Шпанија во однос на територијата на Гиблартар, се очекува в недела на самитот на ЕУ 27 да биде одобрен договорот за уредено повлекување и идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски