Меј и понатаму е против одржување на втор референдум за Брегзит

Од:

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека и понатаму е против одржување на втор референдум за Брегзит и оти нејзиниот став не е сменет, но очекува дека некои пратеници ќе се обидат да се заложат за нов референдум во текот на ратификувањето на договорот кој таа го постигна со ЕУ.

– Кога ќе дојдеме до договор мора да обезбедиме документот да помине низ овој дом. Секако дека ќе има такви кои ќе инсистираат на тоа прашање кога ќе се усвојува договорот, истакна британската премиерка.

Весникот „Дејли телеграф“ претходно оваа недела објави дека Меј планира да им понуди на пратениците да гласаат дали се за одржување јавно гласање за нејзиниот договор за Брегзит, со цел да се тргне од почеток со разговорите со опозициската Лабуристичка партија.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година