Меј и натаму ќе ја бара поддршката од Корбин за Брегзит

Од:

Британската премиерка Тереза Меј го повика лабуристот Џереми Корбин да ги „остават настрана разликите“ и да се согласи со договорот за Брегзит, јави Би-Би-Си.

Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29 март, но крајниот рок е одложен за 31 октомври откако британските пратеници во три наврати го отфрлија договорот за Брегзит, кој го преговараше Меј со Европската унија.

Сега премиерката ја бара поддршката од лабуристите во повторен обид договорот да биде изгласан во британскиот парламент. Во текст за „Меил он сандеј“ Тереза Меј истакнува дека опозицијата треба да „го слуша она што им го рекле избирачите“, алудирајќи на локалните избори одржани во четвртокот.

Конзервативците „изгубија“ 1.334 советници а лабуристите не успеаја да победат и изгубија 82 советнички места.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година