Меј: Британија по Брегзит ќе им даде приоритет на високо квалификувани мигранти

Од:

По излезот од ЕУ, Велика Британија ќе им даде приоритет на високо квалификуваните мигранти, без разлика од која земја доаѓаат, изјави британската премиерка Тереза Меј.

– Кога ќе ја напуштиме Европската унија, ќе воведеме миграциски систем кој еднаш засекогаш ќе стави крај на слободното движење на европските граѓани во Обединетото Кралство, стои во коминике на Меј.

Според неа, тоа ќе биде систем врз основа на квалификациите на работниците, а не на нивното потекло.

– Тој систем ќе биде свртен кон целиот свет и ќе привлекува луѓе со професионални вештини какви што ни се потребни, истакна британската премиерка и додаде дека новиот систем ќе овозможи да се намали бројот на ниско квалификувани мигранти и ќе и помогне на Велика Британија да ја намали миграцијата до одржливи нивоа.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски