Меј: Британија нема да бара членство во еврозоната, но ќе се стреми за голем пристап до неа

Од:

Велика Британија ќе се обиде да воспостави ново, позитивно и конструктивно партнерство со ЕУ во текот на преговорите за напуштање, но Брегзит нема да означува членство во еврозоната, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј.

– Британија не сака да биде половина внатре, а половина надвор од ЕУ. Ќе се обидеме да обезбедиме што е можно најголем пристап до еврозоната, истакна Меј во своето обраќање пред Парламентот во Лондон, претставувајќи ја стратегијата на Владата за Брегзит.

Таа вети дека ќе се обиде да постигне силна и амбициозна зделка за слободна трговија со ЕУ.

Резултатите од преговорите за излез на Британија од Унијата ќе бидат внесени во Парламентот, а двата Дома ќе се изјаснат за конечниот договор, кој ќе го постигнат преговарачките делегации.

Меј вети дека граѓаните на ЕУ и понатаму ќе бидат добредојдени во Велика Британија, но Лондон ќе може да го контролира бројот на луѓето кои пристигнуваат од земјите-членки на Унијата.

– Успехот на ЕУ е во интерес на Обединетото кралство. Гласањето на Британците за излез од Унијата не значи отфрлање на заедничките вредности, ниту пак обид да и се наштети на ЕУ, изјави британската премиерка.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца