Механизмот за напуштање на ЕУ е регулиран за првпат во 2009 година со Лисабонскиот договор односно Членот 50 од тој договор.
Тој член дефинира услови за доброволно излегување од Унијата, на што има право секоја држава членка без какво било посебно оправдување.
Лондон ќе мора да договори со Брисел „договор за излегување“ што ќе биде склучен во име на Унијата Советот на ЕУ со квалификувано мнозинство со дозвола од ЕП.
Европските договори би престанале да важат за Британија од датумот на правна сила на договорот за излез или во рок од две години откако Лондон ќе ги извести ЕУ дека напушта ако двете страни во меѓувреме не постигнат договор за брегзит.
Рокот за постигнување на тој догвоор може да трае и повеќе од две години доколку ЕС и Лондон се согласат на тоа.
Британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека ако Британците гласаат за брегзит ќе го активира Членот 50 од Лисабонскиот договор.
Иако таа процедура постои досега не била активирана.
Претседателот на ЕС, Доналд Туск рече претходно дека воспоставување нови односи на Британија и ЕУ по излегување на таа држава од Унијата би траело седум години.
– Секоја од 27 членки на ЕУ како и ЕП мора да потврдат таков исход. За тоа ќе требаат најмалку пет години и се плашам дека нема гаранции за успех, изјави Туск пред две недели за Билд. Според него, брегзитот би било „жално, но релативно лесно“ за спроведување.