Меѓународниот суд на правдата: Пресуда за тужбата на Украина против Русија на 16 март

Од:

Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МСП) денеска соопшти дека на 16 март ќе донесе пресуда за тужбата на Украина против Русија.

На сослушувањата пред судот на ОН во Хаг се појави само украинската делегација, додека руската страна одлучи да не присуствува на седниците.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова претходно изјави дека претставници на Москва не присуствуваат на седниците на Меѓународниот суд на ОН, „бидејќи прашањето за специјална воена операција во Украина е надвор од нејзина надлежност“.

Во тужбата на Киев се наведува дека тврдењето на Русија дека ја нападнала Украина со цел да спречи геноцид е лажно, а од судиите се бара да и наредат на Русија да го прекине нападот врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои