Меѓународни сили нападнаа база на Ал Шабаб во Сомалија

Од:

Меѓународни сили рано утринава извршија напад врз база на терористичката група Ал Шабаб во Сомалија. Нападот е извршен пред зори,пред утринската молитва,со хеликоптер и брод,но засега нема информации за кои меѓународни сили станува збор.

Странски набљудувачи веруваат дека во нападот што официјално не е потврден,учествувале припадници на специјални сили на САД и Франција. Нападот е ивршен врз една двоспратна зграда,покрај брегот на Индискиот Океан,во градот Бараве,240 километри јужно од Могадишу.

Претставник на Ал Шабаб го потврди нападот,но тој откри дека припадниците на оваа исламистичка милитантна група кои одговориле на нападот,настојуваат да откријат кој ја открил локацијата на нивната база.

Жители на градот што е под контрола на милитантите,јавиле во Могадишу дека имало силна престрелка утринава,како и дека се уште се слушаат пукотници.

Милитантите од Ал Шабаб наредиле да останат затворени сите продавници и локали,забранувајчи секакво движење на лугето по улиците. Нападот врз базата на оваа група која е дирекно поврзана со терористичката мрежа на Ал Каеда,е изведен на две недели по терористичкиот напад на групата врз трговскиот центар Вестгејт во Најроби.

Во овој напад во кенискиот главен град беа убиени најмалку 62 лица. Одговорноста за нападот ја прифати Ал Шабаб,кко одмазда за странската воена интревенција во Сомалија,што оваа група настојува да ја претвори во исламистичка држава. Пред четири години,американските специјалци извршија напад врз градот Бараве,убивајќи го тогаш главниот оперативец на Ал Каеда во Африка.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија