Меѓународната воена коалиција, предводена од САД, ги засили патролите во североисточна Сирија, откако областа беше бомбардирана од турските сили, изјави денеска неименуван воен извор.
Турција, на 20 ноември, почна серија воздушни напади врз позиции на курдските борци во североисточна Сирија, за кои официјална Анкара се изјаснува дека се терористи.
Неколку стотици војници од меѓународната коалиција се распоредени во овој регион, што е под контрола на Сириските демократски сили, во кои доминираат Курди. Овие сили ја водеа борбата против џихадистите на Исламската држава протерани од нивните упоришта во Сирија во 2019 година.
-Меѓународната коалиција, во координација со курдските сили, продолжи со периодични патроли на североистокот на Сирија, поради турските напади на оваа област, изјави извор близок до курдските сили.
Секоја патрола има четири оклопни возила со американски знамиња и едно возило на курдските сили.
Извор: МИА