Меѓународната коалиција против ИД во Ирак го убила шефот за пропаганда на групата

Од:

Меѓународната коалиција против Исламска држава соопшти дека во воздушен напад во западен Ирак ги ликвидирала шефот за пропагандата на групата и неговата екипа, пренесоа француските медиуми.

– Ибрахим ал Ансари беше важна фигура во ИД, кој учествувал во работата на регрутирање странски борци и нивно поттикнување кон терористички напади со ножеви или напади со автомобили во западните земји, изјави портпаролот на коалицијата, полковник Џо Скрока.

Воздушниот напад бил изведен во реонот Ал Каим, на 25 март, прецизира тој.

Во нападот, во кој биле убиени уште четворица џихадисти, била уништена „вистинска мултимедијална екипа“ на ИД, изјави друг претставник на Пентагон, кој посакал анонимност.

Пропагандата имала за цел, исто така, да „обработува“ малолетни деца, на начин што ги навикнувала на жестоките методи со кои групата се служела, дополни истиот извор.

Ал Каим се наоѓа во западен Ирак, во долината на реката Еуфрат, на границата со Сирија.

Според Пентагон овој реон од долината може да се претвори во последното убежиште за ИД по нивното протерување од ирачкиот град Мосул и сирискиот бастион Рака.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак