Меѓукорејски преговори за индустриската зона Каесонг

Од:

Претставници на Јужна и Северна Кореја денеска одржаа преговори посветени на повторно отворање на индустирската зона Каесонг, што се наоѓа на границата меѓу двете земји, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување.

Зоната беше затворена во април годинава кога властите во Пјонгјанг им забранија на севернокорејските работници да одат на работа во фабриките на јужнокорејските компании во Каесонг, по што тие беа принудени да ги затворат погоните.

Северна Кореја се реши на ваквиот чекор во знак на протест поради одржувањето на заедничките американско-јужнокорејски воени вежби.

Фабриките во Каесонг, каде беа ангажирани околу 53.000 севернокорејски работници, остваруваа годишен приход од околу две милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Пјонгјанг: САД создаваат азиско НАТО

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Северна Кореја истрела повеќе од 200 артилериски гранати, Јужна Кореја евакуираше цивили

Најмалку 37 луѓе загинаа, а десет се водат за исчезнати во огромните поплави во Јужна Кореја

Кореец се обиде да ја отвори вратата од авионот сред лет, екипажот го врза

Горан Наумовски

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски