Меѓу убиените во Грац имало и две лица од Босна и Херцеговина

Од:

Утрово во училиште во австрискиот град Грац се случи пукотница, во која се убиени најмалку 10 лица. Меѓу нив, како што се наведува во повеќе медиуми од регионов, има две лица по потекло од Босна и Херцеговина.

Од амбасадата на Босна и Херцеговина во Австрија претходно изјавија дека нема официјални или неофицијални информации за убиените граѓани на Босна и Херцеговина, но има две лица кои немаат државјанство, но имаат потекло од БиХ.

Станува збор за 17-годишна ученичка, К.Ј., и девојка, Х.А., која им подлегнала на повредите. Како што се дознава, друго лице по потекло од Босна и Херцеговина се бори за живот.

Информацијата за Klix.ba ја потврди имамот на конгрегацијата „Бошњак“ во Грац, Хафиз Сабахудин Хасиќ.

Нападот го изврши 22-годишен поранешен ученик на ова средно училиште.

Тој утрово влезе во училиштето со пиштол и пушка и испука десетици куршуми. На крајот, изврши самоубиство во училишниот тоалет, каде што бил пронајден од полицајците кои го евакуираа училиштето.

Најмалку 10 лица се убиени, а повеќе од 20 лица се повредени. Седум лица се во критична состојба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четворица астронаути тргнаа на пат кон Месечината

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пукање во училиште во Аргентина – убиен е 13 годишник, осум ученици се ранети

А1он