Меѓу остатоците од авионот на „Малезија ерлајнс“ има и делови на БУК ракета

Од:

Холандските обвинители, кои се дел од заедничкиот меѓународен тим за истрага на авионската несреќа на „Малезија ерлајнс“, соборен минатата година над источна Украина, денеска соопштија дека е можно меѓу пронајдените остатоци од леталото да има и делови од ракета од руско производство.

Во соопштението од канцеларијата на холандскиот државен обвинител се наведува дека деловите од проектилот, можно е да се од БУК ракета земја-воздух.

– Пронајдените делови од ракетата се многу важни за кривичниот дел од истрагата бидејќи можеле да пружат нови информации за тоа кој е одговорен за падот на авионот, посочува Обвинителството, при што додава дека е прерано за донесување на заклучок дека „постои причинско-последична вреска меѓу пронајдените делови од ракетата и падот на авионот на летот МХ17“.

Авионот леташе од Амстердам кон Куала Лумпур и се урна во јули 2014 година во близина на селото Грабово во Доњецката област, јужна Украина, на околу 60 километри од руската граница, во зона на борби меѓу проруските и украинските сили. Во несреќата загинаа 298 патници и членови на екипажот. Поголем број од патниците – 196 беа Холанѓани, а истрагата ја спроведуваат заедно Холандија, Украина, Австралија, Малезија и Белгија.

Би можело да ве интересира

Макрон: Некои европски земји би биле подготвени да имаат мировни сили во Украина

Фон дер Лајен: Украина може да стане членка на ЕУ и пред 2030 година доколку продолжи со реформите

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Трудо: Војната на Русија во Украина е војна против демократијата, вистината и правдата

Зеленски објави услов за преговори со Путин: „Ова може да биде почеток на крајот на војната“

Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната