Меѓу 270.000 и 280.000 мигранти пристигнале во Германија само во септември. Тоа го изјави денеска министерот за внатрешни работи на германската покраина Баварија, Јоахим Херман.
– Тоа е повеќе отколку сите регистрирани мигранти во Германија во минатата година, додаде министерот.
Баварија е покраината во која најмногу мигранти влегуваат во Германија.