Медведев во мисија за решавање на конфликтот во Нагорно Карабах

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев синоќа на еремснкиот претседател Серж Саркисјан му предложил да ги прифати предлозите на Русија за мерките за решавање на конфликтот во  Нагорно Карабах, јави ТАСС.

На почетокот на средбата во Ереван, Саркисјан го информирал Медведев за настаните од последните денови во зоната на конфликтот и изразил надеж дека земјите кои претседаваат со „Групата од Минск“ ќе можат да дадат посредничка помош за нормализирање на ситуацијата.

Медведев пак, уште еднаш посочил дека не постои алтернатива на мировните преговори за мирно решавање на конфликтот.

– Сега главно е да биде сочуван мирот, да  бидат обновени преговорите дури и покрај тоа, што позадината на овие преговори, благо речено, не е најдобра, истакна рускиот премиер.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот