Медведев тврди: Зеленски не е претседател туку узурпатор

Од:

Поранешниот лидер на Русија, Дмитриј Медведев, денеска на Телеграм го објави одговорот на предлогот на поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, Украина да се приклучи на Алијансата без нејзините територии кои во моментов се окупирани од Русија.

Медведев, кој сега ја извршува функцијата заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, тврдеше дека во суштина тоа е признание дека Крим и Донбас повеќе не се Украина.

– Не е лошо, но важно е да се продолжи понатаму. Мора да признаеме дека Одеса, Миколаив, Киев и практично се останато воопшто не е Украина – рече Медведев.

Тој тврди дека има уште три чекори „пред да се признае очигледното“: дека Володимир Зеленски – „кој не се кандидира за избори“, рече Медведев – „не е претседател, туку узурпатор, украинскиот јазик не е јазик, а Украина не е земја „туку вештачки собрани територии“, пренесува Гардијан.

Затоа, Украина и без окупираните територии од Русија не може да биде примена во НАТО бидејќи не е држава, образложи Медведев.

Оваа идеја дека Украина не е независна земја, туку дека е историски дел од Русија, веќе подолго време се повторува во реториката на руското раководство. Владимир Путин ова го кажа на самитот на НАТО во 2008 година и повторно во 2014 година кога ја оправда нелегалната анексија на Крим.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте