Медведев: „Специјалната воена операција“ ќе продолжи додека не ги постигне своите цели

Од:

Официјалното отфрлање на Украина на нејзините амбиции за влез во НАТО веќе нема да биде доволно за да се стави крај на „специјалната воена операција“ на Русија, изјави еден од најблиските луѓе до претседателот Владимир Путин, пренесе БТА.

Дури и пред почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, Русија предупреди дека членството на соседната земја во западниот сојуз би било неприфатливо за неа.

„Одбивањето да учествува во Северноатлантската алијанса сега е од витално значење, но веќе не е доволно за да се постигне мир“, изјави Дмитриј Медведев во интервју за Француската телевизија Ел-Се-И.

Тој нагласи дека „специјалната воена операција“ ќе продолжи додека не ги постигне своите цели.

Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, не прецизираше кои се тие задачи.

Москва е подготвена да преговара со Киев „под одредени услови“, рече Медведев во интервјуто. Тој посочи дека „овие (разговори) ќе зависат од развојот на настаните (во војната)“, и додаде дека руската страна претходно била подготвена да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Би можело да ве интересира

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски

Медведев: Скапо е да се бориш против САД

Порака од Русија: Око за око, заб за заб

Медведев: Постои можност за понатамошна анексија на територии во Украина

Медведев: Противниците на Русија прават се за да го разгорат конфликтот во Украина уште повеќе

Медведев: Русија е подготвена за разговори со Украина