Медведев: Русија сѐ уште го нема употребено целото оружје, причината е очигледна за сите

Од:

Денеска Русија го обликува идниот светски поредок, сама се бори против Западот, ги штити своите граѓани и ги враќа териториите на своите предци, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев.

„Сакам да ве потсетам дека Руската Федерација е таа која ги штити граѓаните. Нашата земја е таа која веќе се врати и го враќа нашето наследство, а не обратно. И тоа ќе продолжи“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој истакна дека „Русија денес го формира идниот светски поредок, а не САД со Британија или темниот Киев“.

„Тој еднаков нов светски поредок ќе биде изграден“, вели Медведев.

Покрај тоа, продолжи Медведев, „Руската Федерација сама се бори против западниот свет и НАТО“.

„Затоа, сите паралели со минатото се условени или неточни. Освен една: можеме сами да ги уништиме непријателските сојузи или моќниот непријател“, тврди Медведев.

Тој, исто така, тврди дека Русија се обидува да ги зачува животите на своите војници и цивили што е можно повеќе во борбите. Тој вели дека истото не може да се каже за акциите на Украина. „Нашите непријатели не ги сметаат животите на нивните цивили и војници. И тоа е разликата меѓу нас“, посочи тој.

Русија „од причини што се очигледни за сите, сè уште не го искористила целиот арсенал на оружје“, тврди Медведев, додавајќи дека Русија не гаѓале „можни непријателски цели лоцирани во населени места“.

„И не само поради нашата вродена човечка добрина. За сè има време“. На крај, но не и најмалку важно – само најголемото единство, највисокиот морал и секојдневната напорна работа можат да ја обезбедат победата на земјата“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ