Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес изјави дека западните биолаборатории лоцирани во Украина произведуваат компоненти на биолошко оружје, и дека доказите за тоа се добиени за време на специјална воена операција.
– Ваквите ризици се исклучително сериозни и целосно неприфатливи за Русија, нагласи Медведев на состанокот на меѓуресорската комисија за борба против современите закани за биолошка безбедност, објави Тасс.
Медведев оцени дека најголемата закана за Русија во моментов доаѓа од биолошките лаборатории во Украина.
