Полска, како бастион на НАТО во Европа, дефинитивно ќе престане да постои доколку избие војна меѓу Русија и НАТО, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, коментирајќи ја забелешката на полскиот премиер Матеуш Моравјецки дека не е премногу загрижени дека украинските напади на руска територија би можеле да предизвикаат директен конфликт меѓу Русија и НАТО.
„Не знам кој ќе победи или изгуби во оваа војна, но имајќи ја предвид улогата на Полска како бастион на НАТО во Европа, земјата најверојатно ќе престане да постои, заедно со нејзиниот глупав премиер“, напиша Медведев на Твитер, пренесе Тас.