Медведев: Поддршката на Г-7 за Украина е цинизам без граници

Од:

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев изјави денеска дека поддршката на Г-7 на укринските воени операции против вооружените проруски сили е „цинизам без граници“.

– Т.н. Г-7 дури зборува за мерките на украинската војска против сопствениот народ, рече Медведев.

Тој соопштението на властите во Киев дека нема укриански бегалци во Русија го означи како „лага“, јави ИТАР – ТАСС.

– Околу три илјади луѓе пристигнуваат секој ден само Ростовската област. Таму никогаш немало ситуација слична на оваа, рече рускиот премиер и додаде дека го повикал гувернерот на Ростовската област поради ова прашање. Медведев нагласи дека гувернерот му одговорил дека станува збор претежно за жени и деца.

Рускиот премиер истакна дека околу четири илјади украински државјани побарале од Русија да добијат статус на бегалци.

– Тоа е ситуација без преседан, заклучи Медведев.

Во Брисел вчера почна дводневен самит на лидери на Групата седум седум најразвиени земји во светот – Г7, која ја сочинуваат САД, Германија, Јапонија, Франција, Велика Британија, Канада и Италија. На самитот прв пат во изминатите 17 години не беше поканета Русија.

Главна тема на самитот е украинската криза и односите со Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници