Медведев: Народот го поддржа курсот на Владата

Од:

Лидерот на руската владејачка партија Единствена Рисија, премиерот Дмитриј Медведев, изјави дека резултатите кои ги постигна неговата партија на регионалните избори покажуваат дека народот го поддржува курсот на Владата во сегашната тешка економска ситуација.

– Изборите се само политички инструмент, многу важен елемент на вистинската демократија, но и натаму само политички инструмент. Она што е поважно е дека довербата на народот во нашата партија победи на изборите ширум Русија, изјави Медведев во седиштетот на партијата.

– Наша најважна задача е да ги одржиме своите ветувања кои ги дадовме на предизборната кампања. И покрај тоа, за нас е важно во вакви услови, кога, да бидеме искрени, економијата не е во најдобра состојба, народот и натаму да го поддржува курсот на рускиот претседател и политичката сила на Единствена Русија, изјави Медведев.

Во Русија вчера беа одржани регионални избори на кои граѓание бираа 10.800 луѓе на различни нивоа, во 21 регион гувернери, а во 11 локални парламенти.

Светските агенции соопштија дека се очекува победа на кандидатите од Единствена Русија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски