Медведев: На Русија не и е грижа со кои американски лидери ќе соработува

Од:

На Русија не и е грижа со кој американски лидер ќе соработува, а „директниот антагонизам“ на двете земји не може да се надмине во наредните години, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

„Апсолутно не е важно со кого работиме. Затоа што сега имаме директен антагонизам и овој јаз нема да се премости во наредните години“, рече Медведев за руските медиуми, на прашањето дали Русија ќе биде подобро да гради односи со поранешниот претседател Доналд Трамп доколку победи на претстојните претседателски избори во САД.

Медведев рече дека американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп личат на ликови од стрипови кои изговараат мимики и стануваат предмет на шеги.

Би можело да ве интересира

Медведев: Ќе му се одмаздиме на Западот

Медевед се закани: Ќе го искористиме целиот стратешки арсенал

Катерина Ѓуровски

Медведев до САД: Отворивте нов фронт во Јемен

А1он