Медведев: Ќе му се одмаздиме на Западот

Од:

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги осуди новите санкции воведени кон Москва и вети остар одговор. Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност луто реагираше на новата серија американски мерки со кои се казнува Русија.

„Се навикнавме на нивните бескрајни ограничувања и научивме да живееме со нив“, напиша Медведев на Телеграм откако администрацијата на Бајден објави санкции за повеќе од 500 руски цели.

Медведев рече дека санкциите „повеќе не се насочени против властите или бизнисите во земјата“.

Тој додаде, мислејќи на Западот: „Сите таму нека страдаат. Само треба сите да го запомниме тоа и да им се одмаздиме каде што можеме“.

„Тие се наши непријатели. Тие вршат други активности на нивната територија за кои обично не се зборува јавно. Војната е војна, а во оваа војна победата ќе биде наша“, напиша Медведев.

Би можело да ве интересира

Медведев: На Русија не и е грижа со кои американски лидери ќе соработува

Горан Наумовски

Медевед се закани: Ќе го искористиме целиот стратешки арсенал

Катерина Ѓуровски

Медведев до САД: Отворивте нов фронт во Јемен

А1он