Медведев: Изјавите на Трамп се разумни и прагматични

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев оцени денеска дека повеќето од изјавите на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп се разумни и прагматични.

– Не знам каков курс новата американска администрација ќе заземе, но многу работи кои ги кажа Трамп мене ми делуваат разумно, пред се бидејќи се прагматични, нагласи Медведев.

– Тој вели дека американските прагматични интереси мораат да се обезбедат. Ние не сакаме од никого да направиме непријател и сакаме да развиеме односи со сите, истакна Медведев, јави ТАСС.

Рускиот премиер наведе дека развојот на нормалните односи со САД се совпаѓа со националните интереси на Русија, потенцирајќи дека Трамп би можел да се соочи со извесни потешкотии по инаугурацијата.

– Постојат традиции, Стејт департментот, одлуките кои претходно ги донел Конгресот и Сенатот. Со други зборови, сето тоа ќе влијае на идната политика на новата американска администрација, но секако ние сакаме постабилни, понормални и унапредени односи со САД, како што во неколку наврати наведе претседателот Путин, порача Медведев.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Катерина Ѓуровски

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Американските обвинители ја прекинаа кривичната постапка против двајца соработници на Трамп

Горан Наумовски