Медведев: „Еј Макрон! Внимавај со својот нуклеарен арсенал!“

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон треба да биде внимателен кога станува збор за нуклеарното оружје, изјави заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Тој на својата страница на социјалните мрежи „Икс“ објави фотографија со тези на западни политичари, кои тврдат дека Русија е изолирана и има потреба од стратешки пораз. Овие материјали зборуваат и за неможноста од нуклеарен конфликт.

Според Медведев, западните земји не успеале да ги остварат своите планови.

Во прилог на објавената слика, заменик-претседателот на Советот за безбедност додаде и рачно напишан коментар: „П.С. Еј Макрон! Внимавај со својот нуклеарен арсенал!“.

Би можело да ве интересира

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Медведев: Нападот врз резиденцијата на Путин можеше да доведе до употреба на специјално оружје

Медведев со остро прашање: Дали Европа ја сфаќа тежината на пораките на Трамп?

„Фајненшл тајмс“: Лондон и Париз нема да испратат војници во Украина без поддршка од Трамп

Макрон: Испраќаме воен брод во Гренланд

Медведев: Владејачките европски будали сè уште сакаат војна во Европа

Горан Наумовски