Медведев: Следна цел може да биде воено-политичкото раководство на непријателска земја

Од:

Дмитриј Медведев рече дека легитимна цел на руската армија може да биде воено-политичкото раководство на земја која е непријател на Русија.

Заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија изјави дека легитимни цели можат да бидат вооружените сили на други земји кои се сојузници на нашиот непријател.

Имено, тој на својот канал Телеграм напиша дека прашањето за легитимните воени цели се толкува на различни начини низ историјата на човештвото, како и дека различно се толкува и за време на актуелниот конфликт во Украина.

На пример, како што рече, бројни американски русофобни сенатори сакаат да зборуваат на оваа тема и покрај тоа што постојат правила на однесување за време на вооружени конфликти.

Медведев ги наведе и легитимните воени цели:

1. Секоја непријателска војска која не е извлечена од вооружените сили,

2. Секоја воена и помошна техника на противникот,

3. Сите објекти кои се однесуваат на воената инфраструктура и кои придонесуваат за реализација на воените цели (мостови, станици, патишта, енергетски објекти, фабрики и работилници кои вршат воени задачи),

4. Воено-политичкото раководство на непријателската земја,

5. Вооружените сили на другите земји кои официјално влегле во војна, а кои се сметаат за сојузници на непријателот, како и објекти лоцирани на територијата на непријателот.

Рускиот политичар додаде дека раководството на земјите-членки на НАТО едногласно тврдат дека нивните земји не војуваат против Русија, иако сите тие многу добро разбираат дека работата е сосема поинаква.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски