Америка порано или подоцна ќе престане да му помага на Киев, бидејќи Америка отсекогаш ги напуштала своите пријатели. Ова го изјави заменик-претседателот на Советот на Федерацијата на Русија, Дмитриј Медведев.
„Американците постепено ќе почнат да се свртуваат кон реалноста. Тој ефект ќе се акумулира додека Конгресот не престане со својата непромислена поддршка на националистичкиот режим во Украина“, рече Медведев.
Истовремено, тој потсети дека американските конгресмени бараат да се провери каде завршила огромната сума на пари што беше испратена за помош на Украина.
„Темата за парите доделени за Украина станува токсична во САД. Конгресмените бараат целосни проверки каде завршиле огромните суми и каде се новите десетици милијарди од Бајден“, рече Медведев.