Реакторот на шведската нуклеарна централа „Оскарсхамн“, кој е еден од најголемите во светот, прекина со работа, откако во него навлегле медузи кои ги затнале цевките за вода.
Вработените во нуклеарката, што се наоѓа во југоисточниот дел на Шведска, во неделата биле принудени да ја запрат работата на реакторот 3, откако голем број медузи навлегле и ги затнале цевките кои пренесуваат студена вода до турбините на нуклеарната централа.
Цевките вчера биле целосно исчистени, а инженерите се подготвуваат повторно да го активираат 1.400-мегаватниот реактор, соопшти фирмата ОКГ, која е сопственик на нуклеарката.