Медлин Олбрајт изрази подготвеност да премине во ислам

Од:

Поранешната американска државна секретарка, демократката Медлин Олбрајт изјави дека ќе премине во ислам во знак на протест поради имиграциската политика на претседателот Доналд Трамп.

– Воспитана сум како католик, потоа преминав во Епископалната црква, потоа открив дека еврејската вера е моето семејство. Сега сум подготвена да преминам во ислам во знак на солидарност. Добродојдовте бегалци, напиша Олбрајт на Твитер.

Таа додаде дека САД треба да останат слободни за луѓето без оглед на нивната вера и потекло.

Трамп вчера потпиша указ за заострување на имиграциската политика и граничната контрола.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Европските лидери се обединуваат против Трамп, војната лесно може да ескалира

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп му порача на Трудо: САД ќе воведат дополнителни реципрочни царини за канадските царини

Горан Наумовски

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Ројтерс: Америка и Украина ќе потпишат договор за минерални суровини

Горан Наумовски

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски