Медиумите за изборите во Германија: Ангела Меркел победи, но…

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел извојува историска изборна победа, со што го трасираше патот за добивање трет мандат на канцеларската функција, оценуваат странските медиуми во своите анализи и извештаи за вчерашните парламентарни избори во Германија.

Британскиот весник „Индепендент“, наведува дека Меркел останува еден од „најсаканите“ германски канцелари по Втората светска војна, чија популарност доминираше на парламентраните избори.

– Нејзината кампања беше насочена главно кон неа. Таа умешно избегнуваше да говори за кризата во еврозоната и за товарот што таа ќе го наметне врз германските даночни обврзници, наведува весникот.

„Гардијан“ оценува дека Меркел го довде нејзиниот конзервативен блок на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) до најдобриот изборен резултат во последните 20 години.

– Историската димензија на изборите е во тоа што Меркел стана третиот канцелар кој успеа да извојува три изборни победи. Пред неа тоа им успеа само на Конрад Аденауер и на Хелмут Кол, кој и ја зачлени во партијата кога имаше 35 години и немаше никакво политичко искуство, потенцира „Гардијан“.

Весникот смета дека Меркел е на добар пат „да ја засени“ некогашната британска премиерка Маргарет Тачер, која е жена со најдолг стаж на чело на една влада во Европа.

Меркел ја наруши сегашната тенденција во Европа и стана единствениот лидер во еврозоната, што успеа да извојува изборна победа по избувнувањето на должничката криза во 2010 година. – Во 12 од 17 земји на еврозоната владите си заминаа од власт, што само покажува колку Германците се чуствуваат заштитеми од кризата за време на владеењето на Меркел, смета „Гардијан“.

„Дејли Телеграф“ оценува дека демохристијаните ги „разбиле“ нивните ривали од левиот центар, но потенцира дека делува шокирачки изборниот неуспех на коалицискиот партнер на Меркел, Слободната демократска партија (ФДП), поради што таа ќе мора да бара нов сојузник.

Најверојатен кандидат за тоа се социјалдемократите, но Меркел може да формира коалиција и со Зелените, иако за време на предизборната кампања и едните и другите ја отфрлаа таквата можност, нагласувајќи ги меѓусебните значајни политички разлики, смета весникот.

„Њујорк Тајмс“ наведува дека европските сојузници на Германија со нетрпение ги очекуваа резултатите од„најважните избори на континент во оваа година“. Како доказ за тоа весникот ги посочува случаите со францускиот претседател Франсоа Оланд кој веднаш по соопштувањето на резултатите од изборите телефински и честита на Ангела Меркел за нејзината победа и ја покани да го посети Париз, додека британскиот премиер Дејвид Камерон и чеситаше преку Твитер нагласувајќи дека „со нетрпение очекува да работи и тесно да соработива со неа“.

Московска „Независимија газета“ пак оценува дека германсите изборни резултати не претставуваат никакво изненадување, имајќи предвид дека сите предизборни анкети укажуваа на сигурна победа на Меркел, кој ја зголеми популарноста „најмногу поради задржувањето на стабилноста на земјата опкружена од морето на еврокризата“.

Весникот смета дека новата германска влада ќе направи некои „корекции“, но дека нема да доведе до нарушување на „некои константи“ во политиката, како што се односите со Русија, за кои „практично и не се расправаше во текот на предизборната кампања, освен во контекст на сириската драма“.

Московскиот весник „Утро“ смета дека Меркел ќе мора да се соочи со решавање на сериозните пробелми, пред кои се наоѓа Германија, на прво место „економско-должничакта криза, имајќи предвид дека Грција наскор може да побара и трет пакет на помош“.

Блокот на Меркел не успеа да освои апсолутно мнозинтво и за да формира Влада ќе мора да влез во коалиција, заклучува весникот.

„Ведомости“ смета дека победата на Меркел се должи на нејзините лидерски квалитети и способноста да најде компромис меѓу спротвставените интереси.

– Главна карактеристика на кампањата на Меркел е безличноста со убави зборови. Билбордите ги покажуваат рацете на канцеларката како образуваат ромб. Ромбот претставува симбол на хармонизација на спортивставените сили собрани во стабилна конструкција, нагласува „Ведомсоти“.

Швајцарскиот весник „Тан“ оценува дека Меркел остварила „проблематична победа“, потенцирајќи дека нејзиниот конзервативен блок остана само на чекор од апсолутно мнозинство во Бундестагот и ќе мора да формира „голема коалиција“ со Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Парискиот весник „Фигаро“ смета дека социјалдемократите „скапо ќе ја продадат својата поддршка на Меркел“, додавајќи дека не е спорно оти германската економија е во „добра здравствена состојба“, но дека новата влада ќе мора да се соочи со социјалните прашања и со енергетиката.

– Паралелно со одржувањето на економската моќ на Германија, Меркел ќе мора да ги елиминира социјалните разлики во земјата, да предложи мерки за справување со демогафската криза предизвикана од стареењето на населението, да се справи со критиките поради најавениот преод кон енеггија без нукклеарни централи и на крајот да продолжи да опстојува на досегашната германска позиција кон кризата во Европа, смета францускиот весник.

Белгискиот „Еко“ оценува дека главен предизвик пред идната германска влада ќе биде темата „Европа“.

– Европа повеќе не може да чека, наведува весникот, додавајќи дека иако кризата во еврозоната не беше тема на предизборната кампања во Германија, сепак тоа прашање наскоро повтороно ќе се наметне, поради неопходноста од доставување на нова финансика помош на државите погодени од кризата, преземањето мерки против невработеноста меѓу младите и доизградбата на банкарската унија.

Весникот потенцира дека партерите на Берлин од него очекуваат поголема храброст и лидерство, за да можат да се справат со растечкиот евроскептицизам.

„Либр Белжик“ наведува дека победата на Меркел претставува „добра вест за Германија и за Европа“, иако некои, како Грците ,сигурно не ја сакаат германската канцеларка.

– До каде ќе стигнеа Грција и еврото денес, ако Меркел не инсистираше Грците да ги затегант ремените, за да добијат европски нектар, заклучува „Либр Белжик“.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке