Медиуми: Во болницата во Газа загинаа повеќе од 1.000 луѓе

Од:

Вечерва беше погодена болницата Ахли во Газа, а според медиумите во тој напад загинаа повеќе од 1.000 луѓе.

Првично беше пренесена информација дека нападот го извршила израелската армија.

Од друга страна, владата на Хамас во Газа го опиша нападот како „воено злосторство“ и им го припиша на израелските сили.

„Во болницата беа сместени стотици болни и ранети, како и луѓе присилно раселени од своите домови поради други израелски напади“, се вели во соопштението.

Медиумите неофицијално наведуваат дека има повеќе од 1.000 загинати и повредени.

Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, со кое раководи Хамас, претходно објави дека во израелскиот напад на Баптистичката болница во Газа загинале повеќе од 300 луѓе. Ројтерс објави дека бројот на загинати е повеќе од 500.

„Се верува дека стотици луѓе се уште се под урнатините“, додаде портпаролот.

Се верува дека жртвите се жители на Газа кои побарале засолниште од конфликтот во болницата.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа