Медиуми: Трамп повлекува 20.000 американски војници од Европа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да повлече 20.000 американски војници од Европа, објави италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на европски дипломатски извор.

Во овој случај, присуството на американски војници на континентот ќе се намали за околу 20 отсто „како дел од прегледот на американските обврски за одбрана на Европа“.

„Покрај тоа, за оние кои остануваат, тој би сакал да добие финансиска поддршка од европските земји, бидејќи за овие војници трошоците не можат да паднат само на рамениците на американските даночни обврзници“, рече изворот.

Трамп, наводно, ја изразил оваа желба „доследно“ на состаноците со различни европски лидери.

Би можело да ве интересира

Зеленски му порача на Трамп: Нема да вратиме ниту 10 центи

ВИДЕО: Трамп објави шокантно видео “Трамп Газа“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Детали од клучниот договор меѓу Украина и САД

Катерина Ѓуровски

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Путин го пофали Трамп, му нуди руски, но и украински минерали

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп