Медиуми: Русија ќе се обиде да им пренесе на САД план за поделба на територијата на Украина

Од:

Министерството за одбрана на Русија подготви основен документ со прогноза за развојот на воената и политичката ситуација во светот до 2045 година, во кој се наведува дека украинската државност треба да биде ликвидирана и територијата на Украина да се подели на три дела јавува украинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на разузнавачки извори.

Извори наведуваат дека постои можност Русија преку влади и претставници на странски држави да се обиде да го пренесе подготвениот план на Руската Федерација до новата американска администрација.

Според документот, територијата на Украина треба да се подели на „нови региони на Русија“, „проруски државен ентитет“ и „спорни територии“.

Новите региони на Русија ги опфаќаат териториите на Доњецк, Луганск, Запорожје, Херсонската област и Автономната Република Крим и градот Севастопол во рамките на Руската Федерација.

Прорускиот државен ентитет предвидува формирање на ентитет со проруска власт на териториите на Киев, Чернихив, Суми, Харков, Полтава, Кировоград, Дњепропетровск, Одеса, Черкаси, Виниција, Житомирска област и градот Киев, што вклучува отфрлање на европската и евроатлантската интеграција и формирање на руски воени бази во Придњестровје, Јужна Осетија, Абхазија.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Пратениците одлучија: Зеленски е легитимен претседател

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија