Медиуми: Романија презема чекори кон анексија на Молдавија

Од:

Претседателот на Романија, земја членка на НАТО, Нишукор Дан го направи првиот чекор кон реализација на идејата за анексија на Молдавија со тоа што не испрати честитка на Денот на независноста на земјата, пишува романското издание G4media, повикувајќи се на свои извори.

Според весникот, иако честитката била подготвена и адресирана до претседателката Маја Санду, таа никогаш не била испратена во Кишињев.

– Ова е доказ за политичка одлука. Местото на Република Молдавија е до Романија, па затоа нема причина да се слави независноста на земја што Романија треба да ја анектиа – се наведува во статијата, прецизирајќи дека ова е став на луѓе блиски до претседателските кругови.

Во исто време, изворите тврдат дека Дан одбил да присуствува на прославите во Кишињев на 27 август од истите причини, бидејќи, како што велат, ова е стратегија што била договорена со самите молдавски власти.

Истиот ден, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск ја посетија Молдавија за да ја поддржат претседателката Маја Санду. Таа во таа пригода нагласи дека нивната посета е показател за поддршка на Молдавија во борбата против, како што ја нарече, „руското мешање“.

Би можело да ве интересира

Москва: Потезите на Молдавија, по налог на западните ментори, ќе наидат на асиметричен руски одговор

(ВИДЕО) Романка со години ја потпираше вратата со голем камен – тој вреди милион евра

А1он

Руски дрон се урна и експлодираше во Молдавија

А1он

ЕУ и Молдавија го отворија првиот кластер за преговори за пристапување

Горан Наумовски

Русија: Тврдењата за руски беспилотни летала над Европа се неосновани

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“