Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

Од:

Русија и Украина ќе прогласат прекин на огнот долж целата линија на фронтот на Велигден, кој оваа година се паѓа на 20 април и според јулијанскиот и според грегоријанскиот календар.

Во исто време, Украина мора да ги повлече трупите од рускиот регион Курск, а потоа на крајот на април треба да се одржи меѓународна мировна конференција за официјализирање на договорот меѓу Русија и Украина со посредство на САД, Кина, европските земји и земји на глобалниот југ (Африка, Латинска Америка и Карибите, како и Азија без Јапонија, Јужна Кореја и Океанија без Австралија и Нов Зеланд).

Тогаш Украина и Русија ќе разменуваат затвореници по принципот „сите за сите“.

Порталот „Страна“, проруска веб-страница од Украина, објави дека вака во груб преглед изгледа планот што го подготви тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави крај на руско-украинската војна за сто дена, додавајќи дека гореспоменатиот нацрт активно се дискутира во политичките и дипломатските кругови во Украина во последните денови.

Предметниот план Американците им го предале на европските дипломати, а од нив стигнал и до Украина, но не се открива како и на кој начин го добила редакцијата.

Иако сè уште нема потврда дека документот е автентичен, редакцијата „Страна“ наведе дека некои точки од планот се совпаѓаат со изјавите на самиот Трамп и неговиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.

Би можело да ве интересира

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски