Медински: Украина ќе изгуби уште територија ако ги отфрли барањата на Москва

Од:

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, изјави дека Киев ќе изгуби уште повеќе територија ако Украина не се согласи со условите на Русија за завршување на војната.

„Невозможно е да се води долга војна со Русија“, изјави Медински за „Волстрит џурнал“, наведувајќи ја 21-годишната војна на Русија со Шведска во 18 век како доказ дека земјата победува во долгорочни битки, објави „Ројтерс“.

Медински рече дека Русија сака мир, но дека ако Украина продолжи да биде водена од националните интереси на другите, тогаш Русија „едноставно ќе биде принудена да одговори“.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски