46-годишната медицинска сестра Хасинта Салдана, која се уби откако наседна на шегата на водителите кои и се претставија како принцот Чарлс и кралицата Елизабета, зад себе остави три проштални писма. Денеска е соопштено дека во едно од трите писма го критикува однесувањето на нејзините колеги кон неа, посебно по повикот на кој се јавила во болницата Крал Едвард 7 ми.
Се претпоставува дека писмото го збеснало нејзиното семејство, поради што сопругот Бен Барбоза бара независна истрага во болницата, за да се открие што се случувало во неколкуте денови кои претходеле на смртта на неговата сопруга, мајка на две деца. Со него се солидаризираа медицинските сестри во Бангалор, Индија, барајќи да се спроведе истрага за околностите кои доведоа до нејзина смрт.
Говорејќи за „Дејли Мирор“ во прошталното писмо, извор близок до семејството кажа:
„Во едно писмо кое е најдолго, таа упатува критики на сметка на болницата, односно како се однесувале кон неа“.
Во другото писмо опишува како се борела со фактот дека станала жртва на лажен телефонски повик, додека во третото писмо наведува детаљи за нејзиниот погреб.
Двете писма биле пронајдени покрај неа, а третото било ставено меѓу нејзините работи. Хасинта испратила и неколку мејлови а имала и телефонски разговори за кои се верува дека можат да помогнат во настојувањето да се расчисти што навистина се случило.
Во текот на петминутното сослушување во истражниот суд во Вестминстер откриено е дека имало обиди Хасинта да ја вратат во живот, но се било безуспешно.
Главниот инспектор Џејмс Харман изјави дека нејзе ја видела колешката и работник од обезбедувањето. Ја нашле како виси, но немала повреда на зглобовите од рацете.
Австралиската станица под истрага
Во Австралија почна истрага за радио станицата „Тудеј ФМ“ и за нејзиниот основач за да се пронајдат тие што одобриле емитување на лажен телефонски повик, после кој Хасинга Салдана си го одзеде животот, затоа што ја пренасочила телефонската врска на одделението каде што лежела Кејт Мидлтон.
Надзорниот орган за следење на медиумите во Австралија одлучи да спроведе потемелна истрага за овој скандал, и покрај тоа што сопствениците на радиото упатија извинување на семејството на Хасинта и ветија дека ќе дадат најмалку 500.000 долари во меморијалниот фонд на нејзиното семејство.
Во членот 61. од Правилникот за емитување програма се вели дека „корисникот на лиценцата не смее да емитува тонски запис ако личноста не е однапред известена или свесна дека нејзините зборови може да бидат емитувани во етер“.
А.А.