Еден маж загина, а една жена е тешко ранета од противтенковска ракета што денеска го погоди северниот дел на Израел во близина на границата со Либан, соопшти израелската служба за итни случаи.
Израелската војска соопшти дека проектил погодил куќа предизвикувајќи жртви и дека нејзините сили имале цел на објект на Хезболах во Либан, објави Ројтерс.
Хезболах и палестинските фракции во Либан, од една страна, и израелската армија, од друга страна, меѓусебно се напаѓаат од 8 октомври минатата година.