Човекот кој денеска со падобран скокна од Ајфеловата кула е уапсен откако слета. Искусен алпинист влеле во кулата нешто по пет часот, пред отворањето на туристичката атракција.
Чуварите брзо го забележале, но тој успеа да се искачи на врвот пред да го спречат, пренесува Гардијан.
Откако стигна до врвот на Ајфеловата кула, кој е висок 330 метри, тој скокна, а кога слета беше уапсен бидејќи, според полицијата, загрозил туѓи животи.
„Ваквите неодговорни дејствија ги ставаат на ризик луѓето кои работат на или под кулата“, се вели на веб-страницата на Ајфеловата кула.
Против скокачот е поднесена кривична пријава.
Ајфеловата кула во 2022 година ја посетиле 5,9 милиони туристи.