Маж се разнесе со бомба во телевизиска станица во Абхазија

Од:

Неидентификуван маж се разнесе во државниот телевизиски центар во Абхазија.

„Мажот се разнел на просторот на тв центарот. Очигледно имал бомба“, објави руската новинска агенција РИА, наведувајќи ја изјавата на абхазискиот министер за внатрешни работи Аслан Кобахиј.

Новинската мрежа Интерфакс објави дека експлозијата се случила на влезот во централната телевизиска станица во абхазискиот главен град Сухуми.

Абхазија прогласи независност од Грузија по оружениот судир во раните 90-ти, по распадот на Советскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Абхазија: Не планираме приклучување кон Русија

Ана Ололовска

Врховниот суд на Абхазија ги поништи претседателските избори

Ана Ололовска

Премиерот на Абхазија загина во сообраќајна несреќа

Наум Локоски

Двајца загинати во експлозиите на магацин со оружје во Абхазија

Ана Ололовска

Околу 50 повредени при експлозија на магацин за оружје во Абхазија

Ана Ололовска

Лавров ја отвори новата руска амбасада во сепаратистичка Абхазија

Наум Локоски